Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШиповиќ си ја повлече оставката откако најде заеднички јазик со Жерновски

Шиповиќ си ја повлече оставката откако најде заеднички јазик со Жерновски

Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ денеска си ја повлече вчера поднесената оставка, по кусата средба со градоначалникот Андреј Жерновски.

Комисијата за избори и именувања при општина Центар денеска заседаваше по одлуката на Шиповиќ да поднесе оставка, а но претставници на работната група на СДСМ побара да се повлечат првите три точки од новата седница и апелираа Жерновски и Шиповиќ да најдат заеднички јазик и се надминат пречките за нормалното функционирање на Советот.

По апелот, Шиповиќ го повика Жерновски за разговор надвор од салата каде заседава комисијата, а пет минути подоцна и двајцата се вратија и побараа продолжување на седницата.

Шиповиќ е ги повлече првите две точки, односно точката за неговата оставка, како и точката за изборот на нов претседател. Тој вчера соопшти дека оставката ја поднесува од лични причини, но и поради тоа што со месеци нема никаква комуникација со градоначалникот Жерновски.