Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: За некој да ги стигне Груевски и Мијалков, треба да краде 6 години секој ден

Шилегов: За некој да ги стигне Груевски и Мијалков, треба да краде 6 години секој ден

На 12. продолжение на конститутивната седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ даваа реплики и контрареплики за говорот на претенкиот Димитар Стевананџија. Најголем дел од репликите, како и претходните неколку дена, се однесуваа на платформата на албанските политички партии, како и за зачувување на унитарноста на државата.

Петре Шилегов од СДСМ преку процедурална забелешка го замоли претседавачот на седницата, Трајко Вељаноски, да ги опоменува пратениците да се држат кон говорот на тој што зборел, а не да прозиваат пратеници кои се присутни или не присутни во салата за пропагандистички цели.

– Тешко е да глумиш нормален кога си лудак. Попаметните од мене пресметале ако некој дневно краде по 2 милиони евра, како благајникот од НЛБ, ќе му требаат 6,2 години секојдневно да краде за да ги стаса Сашо Мијалков и Никола Груевски кои украдоа 5 милијарди евра – рече Шилегов.

Вељаноски реплицираше дека јавноста најдобро знае кој е и што е.

Стеванџија предложи СДСМ или да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да ја отфрли платформата и да се направи малцинска влада со 100 пратеници или да се организираат нови избори.

Весел Мемеди од Алијансата за Албанците рече дека предлогот за формирање коалиција со 100 пратеници Македонци ќе остави тешки последици врз државата, а дека нови избори не се решение за излез од кризата.