Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: ВМРО-ДПМНЕ се нерозни поради судските процеси кои ги очекуваат

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се нерозни поради судските процеси кои ги очекуваат

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот на Груевски и сакаат да го прекинат разрешувањето на Марко Зврлевски од функцијата републички јавен обвинител. Ова го порача пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција во Собранието.

– Нерозни се поради судските процеси кои ги очекуваат. Им порачуваме да ја сменат реториката со која се обидуваат да направат инцидент во Собранието – рече Шилегов, порачувајќи оти и покрај блокадите Зврлевски ќе биде разрешен.

Пратеникот зборуваше и за претстојните локални избори и евентуалните кандидати од СДСМ, но не посочи конкретни имиња бидејќи, како што рече, можните листи се анализираат и се подготвуваат.