Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов упадна на прес-конференција на Трајановски и го покани на ТВ-дуел

Шилегов упадна на прес-конференција на Трајановски и го покани на ТВ-дуел

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов влезе на прес-конференција на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски за да го покани конечно да излезе на телевизиски дуел.

Кандидатите за градоначалници на Скопје, вечерва треба да се појават на дебата на Топ тема на Телма ТВ.

Трајановски претходно не се појави ниту на дебата на што ја емитуваше Телевизија 24, а не излезе ниту на дуелот во Само вистина на Канал 4 ТВ.