Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: УЈП девет пати ми ја проверува имотната состојба од 2012 година

Шилегов: УЈП девет пати ми ја проверува имотната состојба од 2012 година

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов кажа дека Управата за Јавни Приходи по десети пат бара увид во неговата имотна состојба, јавува „А1он“.

– Девет пати досега УЈП бара мои имотни листови, за да ми ја провери имотната состојба од 2012. година. Девет пати не најдоа ништо, не ми е јасно што ќе најдат сега, рече Шилегов.

На прашање дали овој случај е поврзан со тоа што УЈП проверува имотна состојба на екс-министерот Зоран Ставрески, Шилегов дека немал ниту сакал да има нешто со него.