Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Скопје има потреба од нова градска власт која ќе ги реши проблемите

Шилегов: Скопје има потреба од нова градска власт која ќе ги реши проблемите

Скопје по локалните избори ќе добие нова услужна локална власт, еднакво посветена и отворена за сите граѓани, и ќе покажеме што значи нова политика на локално ниво, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

– Новата политика за граѓаните ќе донесе подобра патна инфраструктура, побезбедена чиста вода и чист воздух за здрави граѓани, повеќе пари за граѓаните за подобар и полесен живот. Додека голем дел од граѓаните на Скопје сè уште немаат достојна патна инфраструктура, водоводна и канализациска мрежа, Коце Трајановски ги исполнуваше желбите на Никола Груевски и потроши милиони евра за мегакриминалниот проект „Скопје 2014“. Додека скопјани секоја зима буквално се задушуваа од загадениот воздух, Груевски и Трајановски стихиски ги уништуваа дрворедите, парковите и сите зелени површини во градот – вели Шилегов.

Кандидатот за градоначалник смета дека Град Скопје има потреба од нова градска власт, која системски ќе го реши проблемот со загадувањето, ќе подготви и ќе изработи модерни, ефикасни и еколошки решенија во јавниот превоз, ќе го зголеми процентот на зелени површини во градот и ќе овозможи алтернативни извори на енергија.