Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов седна на градоначалничкото столче и вети работење во интерес на граѓаните

Шилегов седна на градоначалничкото столче и вети работење во интерес на граѓаните

Новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека ќе работи одговорно, транспарентно, домаќински и, пред сè, во интерес на сите граѓани на Скопје.

По преземањето на функцијата од досегашниот градоначалник Коце Трајановски, тој рече дека сите одлуки ќе се носат заедно со граѓаните, а во консултација со граѓанските здруженија и со стручната јавност.

– Посветено и одговорно ќе ги спроведуваме мерките зацртани во програмата што носи живот за сите. Сериозно работиме на горливите проблеми, веќе од утре и официјално, на загадениот воздух, урбанистичкото дивеење и на сообраќајниот хаос што владее во Скопје. Ќе работиме заедно со градоначалниците на сите скопски општини, кои исто така треба да се развиваат заедно со градот – рече Шилегов.

При предавањето на функцијата, Трајановски им се заблагодари на сите што гласале за него и му порача на Шилегов да ги заврши веќе почнатите проекти.

– Благодарност до сите што гласаа за мене, што го препознаа мојот труд и моите резултати. На Шилегов му посакувам сè што вети да го исполни и да ги заврши дел од почнатите досегашни проекти. Јас не избркав никого, Шилегов треба да ги искористи капацитетите на градската администрација – рече Трајановски.