Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спасат Зврлевски

Шилегов: Опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спасат Зврлевски

Очигледно е дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се решени да ја кочат работата на Собранието, да ги блокираат реформите, во надеж дека ќе го одложат соочувањето со правдата, изјави пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција во Собранието.

– Со бесмислените паузи, нелогичните барања за одложување седници и со реплицирањето помеѓу себе, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Марко Зврлевски, заштитникот на најголемиот криминал во изминатите 11 години. Во таа насока е и денешното апсурдно барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, точката за разрешување на Зврлевски да се одложи за по локалните избори. Тврдењето дека разрешувањето на јавниот обвинител е незаконско е лага и уште еден очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата во Собранието и да ги закочи реформите во судството – изјави Шиегов.

Според него, процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, затоа што Собранието е законодавна, а не извршна власт.

Тој порача дека никаква опструкција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството, кои, како што рече, почнуваат со разрешувањето на Зврлевски.