Шилегов ќе влезе во трката за Скопје
Петре Шилегов, актуелен пратеник, најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ, дознава Плусинфо од партиски извори.
Како што дознава порталот, Шилегов е најдобро рангиран на внатрешните партиски анкети чии резултати партијата ќе ги земе предвид при избор на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.
Крајниот рок за поднесување кандидатури за градоначалници до Државната изборна комисија е 14 септември.