Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Имаме докази дека беше извршено терористичко загрозување на уставниот поредок

Шилегов: Имаме докази дека беше извршено терористичко загрозување на уставниот поредок

Поседуваме сериозни докази коишто упатуваат на тоа дека во четвртокот во Собранието беше извршено кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, посочи Петре Шилегов портпаролот на СДСМ на денешната прес конферецнија.

Се работи за Член 313 од Кривичниот законик на Република Македонија кадешто пишува:

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“, рече Шилегов.