Tuesday, Apr 16, 2024
HomeUncategorizedШилегов: Фактички убивате деца за да останете на власт

Шилегов: Фактички убивате деца за да останете на власт

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска сод собраниската говорница ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека фактички убиваат деца за да останат на власт. Ваквата изјава упатена кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ предизвика бурни реакции кај пратениците од пратеничката група предводена од Илија Димовски.

Шилегов исто така изјави дека два дена во Собранието се зборува за се само не за точките кои се на дневен ред.

– Втор ден по ред се обидуваме да се убедиме што значи парламентарна демократија во една држава. Во парламентарната демократија владее оној кој ќе го обезбеди мнозинството во Собранието, во случајов оној кој ќе обезбеди 61 пратеник по што следува мирно примопредавање на власта. Со цел да се избегне тоа два дена очајно се обидувате да ни објасните што всушност значи демократија, рече Шилегов.