Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов до ВМРО-ДПМНЕ: Вие сте срам за Македонија, поддржувате човек кој го урниса Уставот

Шилегов до ВМРО-ДПМНЕ: Вие сте срам за Македонија, поддржувате човек кој го урниса Уставот

Вие сте најголеми национални предавници во историјата на Македонија. Поддржувате човек кој го урниса Уставот. Да ја сакате толку Македонија, немаше да ја пљачкате толку многу, рече на попладневното продолжение на седницата Петре Шилегов, пратеникот на СДСМ, обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го обвини претседавачот со конститутивната седница на Собранието, Трајко Вељаноски дека четири недели претседава нелегитимно со седницата, од каде, како што кажа, се изнеусваат само лаги.

Шилегов им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не е ништо страшно после 11 години власт да се замине во опозиција.

– Не е страшно да поувствувате како владее правото. На крајот ќе останете партија со пет пратеници – рече Шилегов и истакна дека тие се срам за Македонија.