Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Да беше ова амнестија за Груевски, ќе престанеше блокирањето

Шилегов: Да беше ова амнестија за Груевски, ќе престанеше блокирањето

Покажувајќи бел лист од собраниската говорница, пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, во текот на денешното продолжение на конститутивната седница, им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи „Ова ве боли“.

– Вам, од ВМРО-ДПМНЕ, не ви се битни Уставот и деловникот, туку овој бел лист. Ако на него пишуваше амнестија на Никола Груевски, сè ќе престанеше од ваша страна. Внимавајте што правите, не правете срам од себе, не завршува животот со падот на Никола Груевски. Не бранете го – рече Шилегов.

ретходно, образложувајќи го предлогот на 10 пратеници од СДСМ да се смени дневниот ред, па третата точка, односно избор на Комисија за избори и за именувања, да се разгледува по четвртата точка, избор на претседател на Собранието, тој ги покажуваше Уставот на Република Македонија и деловникот на Собранието и бараше Вељаноски да го стави на дневен ред.