Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураШестата книга на Game of Thrones ќе биде готова до февруари

Шестата книга на Game of Thrones ќе биде готова до февруари

Писателот Џорџ Р.Р.Мартин откри дека се соочува со огромен притисок од издавачите и фановите што побрзо да ја доврши шестата книга во серијата A Song of Ice and Fire по која беше изработена и мегапопуларната ТВ серија Game of Thrones.

Проблемот е што неговите книги веќе целосно се исцрпени и креаторите мораа самостојно да продолжат со сценариото за петтата сезона која е една од накритикуваните досега бидејќи ликовите и дејството беше недоволно искристализирано и веќе има проблеми со одредени приказна.

Доколку книгата Winds of Winter биде готова до февруари Џорџ Р.Р.Мартин ќе може да им даде насоки на креаторите на Game of Thrones за шестата сезона која е исчекувана со нетрпение.