Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШест лица загинаа во пад на хеликоптер во Русија

Шест лица загинаа во пад на хеликоптер во Русија

Шестмина загинаа при пад на хеликоптер на авиокомпанијата „Восток“, во морето во областа Хабаровск, во кој се наоѓале 13 патници и тројца членови на екипажот, пренесе Интерфакс. Леталото требало да пристигне на својата дестинација во 10.20 часот по московско време, односно 9,20 по средноевропско.

Но, откако екипажот не комуницирал со надлежните власти во потрага по хеликоптерот е испратен авион Антонов-26 и два хеликоптери Ми-8.

„Капетанот на хеликоптерот подоцна успеал да се јави на својата компанија и пријавил дека леталото паднало на три километри пред одредената дестинација и дека потонало“, вели изворот, кој додава дека десетмина преживеале, меѓу кои и екипажот, а шестмина се загинати.

Локален службеник за Интерфакс вели дека хеликоптерот Ми-8 носел 13 патници на островите Шантар. Тој додава дека хеликоптерот е на Восток ерлајн, но дека патувањето е уредено со приватен договор.

извор:Макфакс