Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаШест лица повредени во пожари во Скопје и Тетово

Шест лица повредени во пожари во Скопје и Тетово

Пожари во Скопје и Тетово, по три лица повредени. На ул. „Полог“ во Тетово вчера околу 17.45 часот од засега непознати причини избувнал пожар на третиот кат од куќата во сопственост на Џ.Ц.(62), при што три лица поради вдишување чад се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово. Пожарот е локализиран од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид ќе се врши во текот на денов.

Во друг случај вчера на ул. „Брсјачка буна“ во Скопје околу 20 часот настанал пожар во куќа во сопственост на А.Р. и во куќа во сопственост на Р.С. Во пожарот се повредени лицата Ш.Е., Р.С. и Р.А., кои се пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Скопје.