Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШест категории нема да плаќаат за музика, за свадбарите се уште не е одлучено

Шест категории нема да плаќаат за музика, за свадбарите се уште не е одлучено

Шест ранливи категории се ослободени од плаќање надомест за користење на авторското дело, како занаетчии, одморалишта и планинарски домови, трговски и производствени погони, непрофитни радија, јавен превоз, такси-возила…

Според претседателката на Комисијата за посредување во авторското право и сродните права проф. д-р Родна Живковска, нивните средства се незначителни во вкупниот фонд на организациите за колективно управување. Од друга страна како што посочи д-р Живковска никој не седнува во такси или во јавен превоз за да слуша музика, туку што побрзо да стаса на одредено место.

Во измените на законот за авторско правои сродни права, не се влезени свадбите за кои како што посочува министерката Канческа-Милевска се најголем проблем во однос на начинот на пресметување на надоместокот. Затоа како што истакна на денешната прес конференција, е оставен рок тој да се договори.

Инаку, денеска истекува рокот за инсталирање систем за електронско евидентирање и обработка на податоците за емитуваните авторски дела во радијата и телевизиите, со кој точно ќе се знае кој автор кога и колку пати е емитуван и врз основа на тоа ќе му се пресметува надомест.