Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШест Албанки без документи приведени во ресторан во Чегране

Шест Албанки без документи приведени во ресторан во Чегране

Шест државјанки на Република Албанија се приведени доцна синоќа од угостителскиот објект „Нота“ во гостиварското село Чегране. Како што соопшти полицијата, девојките на возраст од 21 до 33 години немале документи за идентификација, а покрај нив се пронајдени уште две. Наводно биле ангажирани како пеачки и танчерки.

Објектот во Чегране, со решение на Управата за јавни приходи, е затворен на 30 дена, а Полициската станица – Гостивар презема мерки за целосно документирање на случајот.