Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШекеринска – Коблер: Влезот во НАТО и ЕУ е предуслов за стабилен Балкан

Шекеринска – Коблер: Влезот во НАТО и ЕУ е предуслов за стабилен Балкан

Членството на државите од регионот во колективните безбедносни системи е од големо значење за безбедноста и стабилноста на Балканот, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерката Радмила Шекеринска и амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер.

Шекеринска на средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, посочила дека Република Македонија и нејзината Влада се посветени на реформите.

Во однос на посетата на Брисел, министерката Шекеринска истакнала дека била исклучително успешна и оти се базирала на оптимизам во односите помеѓу Македонија, Европската Унија и НАТО-Алијансата.

Зборувајќи за соработката во одбраната, Шекеринска ја истакнала важноста на заедничките воени вежби кои се од значаење за развој на интероперабилноста и подготвеноста на двете aрмии. Министерката се заблагодарила за поддршката од Австрија во справувањето со мигрантската криза која го погоди регионот и Европа.

Австриската Коблер изразила задоволство од досегашната билатерлна одбранбена соработка и посочила дека Австрија иако не е членка на НАТО, дава безрезервна поддршка за интеграцијата на Македонија во колективните безбедносни системи. Таа изразила подготвеност за континуиран развој на меѓусебната одбранбена соработка и подготвеност за помош и поддршка во сите области на одбраната.

Македонија и Австрија во областа на одбраната соработуваат од 2006 година, со потпишувањето на Спогодбата за соработка. Таа вклучува области како размената на искуства во логистиката, воената обука и образование, јазична обука, курсеви за воени операции.