Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионШефот на ЦИА во Сараево ќе ја следи борбата со тероризмот

Шефот на ЦИА во Сараево ќе ја следи борбата со тероризмот

Џон Бренан, директорот на Централната разузнавачка служба на САД, денес е во посета на Сараево каде ќе се сретне со повеќе служби на босанската полиција како и со Ударната група против тероризам.

Целта на посетата е да се разгледа како се справува БиХ со заканата од глобалниот тероризам и фактот што голем број на борци за ИСИС и џихадисти потекнуваат од оваа земја, а се формирани и повеќе прикриени ќелии кои може да изведат сериозни напади.

Присуството на шефот на ЦИА доведе до целосна „опсада“ на Сарево кое е строго обезбедувано од полицијата.