Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШчербак: Русија не на зборови, туку на дела ја смета Македонија за рамноправен партнер

Шчербак: Русија не на зборови, туку на дела ја смета Македонија за рамноправен партнер

Русија е стар и докажан пријател на Македонија. Русија не на зборови, туку на дела ја смета Република Македонија за рамноправен партнер, со почит се однесува кон нејзиното мислење и искрено е заинтересирана за нејзините стабилност и просперитет. Кои политички сили и да се на власт во Македонија, Русија е отворена за заемно полезна соработка во сите сфери и е подготвена да ја унапредува толку длабоко и широко колку за тоа е подготвена македонската страна. Цврсто сум убеден дека таквиот пристап им одговара на темелните интереси и на Русија, и на Македонија, и на регионот.

Ова, како што пренесува „А1он“ го истакна амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак синоќа на приемот што го организираше Амбасадата по повод Националниот празник – Денот на Русија на кој присуствуваа претставници на Владата, на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, на МПЦ, како и припадници на руската заедница во Македонија.

Тој нагласи дека Руската Федерација која како постојан член на Советот за безбедност на ОН има одгововорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност, и чија надворешна политика е од глобален карактер, ги посочи пријателските одмоси со Македонија.

– Отворени сме за заемно полезна соработка со сите земји. Секако меѓу нив е и Република Македонија со чијшто народ не врзуваат заеднички духовни корени и традиции на повеќевековното пријателство. Пред речиси 25 години Русија беше една од првите земји кои ја признаа Република Македонија со нејзиното уставно име, а во изминатите неколку години Русија беше речиси единствена земја која следејќи ги принципите на владеење на правото цврсто се залагаше за заштита на уставниот поредок на Република Македонија, неприфатливост на надворешно мешање во нејзините внатрешни работи.порача амбасадорот на Руската Федерација Шчербак.