Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионШатори пред Парламентот во Подгорица

Шатори пред Парламентот во Подгорица

Протестни шатори и на улиците на Подгорица. Опозицискиот Демократски фронт монтира шатори пред зградата на Парламентот на Црна Гора. Страхиња Булајиќ од Демократскиот фронт изјави дека Падот на владата е неопходен предуслов за формирање на нова преодна влада.

Опозицијата има и свои други барања, а тоа е и целосна имплементација на изборното законодавство, како и електорнската идентификација на гласачите и прочистување на избирачкиот список. Истотака тие бараат и контрола на сите ресурси и рамноправен третман на Јавниот сервис.

Организаторите на протестот најавија дека ќе останат таму се додека не се исполнат нивните барања, а тоа е формирање на преодна влада и спроведување на фер избори. Порпаролот на Демократската партија на социјалистите Часлав вешовиќ изјави дека протестите се тотално фијаско. На протестите е присутно силно полициско обезбедување.