Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиШарли ебдо го навлече бесот на Русите

Шарли ебдо го навлече бесот на Русите

„Шали ебдо“, сатиричниот весник познат по крвавиот напад кој се случи на почетокот од годината, кога маскирани напаѓачи убија 12 лица вработени во редакцијата. Нападот беше поради објавените карикатури кои го исмејуваат Алах.

Сега весникот го навлече бесот на русите со објавување карикатури за катастрофата на рускиот авион „ербас А321“ на Синајскиот Полуостров, во која загинаа 224 лица.

На првата карикатура се насликани патниците од авионот и неговите остатоци кои летаат во главите на терористите. Легендата под неа вели: „Руската авијација го засили бомбардирањето“. Втората слика – череп меѓу остатоците на авионот и телата на патниците кој зборува за опасноста на летовите со евтини руски компании.
sarli ebdo„Во нашата земја тоа се вика богохулење во широка смисла на зборот, тоа нема врска ни со демократијата, ни со слободата на изразувањето“, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, кој карикатурите на Шарли ебдо ги нарече „неприфатливи“.

Коментирајќи ја постапката на францускиот весник, Игор Морозов, член на Советот на Федерацијата за меѓународни работи, ја оцени како исмевање на сеќавањето на жртвите на несреќата, пренесува „Спутинк“.

Според него, потребно е во рамките на меѓупарламентарни разговори да се изработи закон со кој ќе се забранува исмевање на вакви трагедии во медиумите. „Да се исмева несреќата која се случи на Синај е недозволиво. Желбата на Шарли ебдо да биде оригинален просто шокира. Тешко се сеќава на трагедијата која се случи во јануари 2015 година во самиот весник. Ми се чини дека самите новинари провоцираат насилни акции“, вели Морозов.