Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШахпаска: Трет пат годинава има инсулинска криза

Шахпаска: Трет пат годинава има инсулинска криза

Никола Тодоров и Никола Груевски се најголемите штетници на здравствениот систем во Македонија,  оваа година, трета по ред  има инсулинска криза, рече пратеничката Јагода Шахпаска.

-„Над 39.500 граѓани кои што боледуваат од дијабет зависат од каприците на Тодоров и Груевски за богатење на криминалната власт а штедење на најскапоценото нешто, здравјето на граѓаните. Покрај сите притисоци врз докторите на Тодоров не му успеа да ги префрли пациентите од инсулински аналози на поефтини хумани инсулини. Сега посегна по друга мерка-скратена испорака на аналози во аптеките за 25 отсто. Со тоа ги принуди докторите да препишуваат само онаков инсулини каков што има во аптеките а не оној што им е потребен на пациентите. Но, недоволната испорака доведе повторно до недостиг на инсулин за пациентите“ – рече Шахпаска.

-„Овој проблем ги принудува лицата со дијабет непотребно да шетаат од аптека до аптека во Скопје. Пациентите од помалите градови во внатрешноста пак имаат уште поголем проблем, немаат од каде да обезбедат инсулин па мораат да патуваат до соседните градови. Недозволиво е да нема инсулин за деца кои растат, за трудници, срцеви болни. Недозволиво е граѓаните сами да си обезбедуваат пенкало по пенкало од соседни градови. Осцилациите на крвниот шеќер сериозно го нарушуваат здравјето и водат до непоправливи последици. Наместо да води сериозна грижа за здравјето на граѓаните криминалната власт фаворизираат одредени тендер релации со добавувачи, а на штета на населението. Новиот тендер кој заврши во понеделникот предвидува намалување на аналози  во корист на поефтините, така наречени хумани инсулини. Соодносот на аналози и хумани беше 75:25% а со новиот тендер 50:50%. Криминалот и корупцијата се на директна штета на здравјето на граѓаните. Додека Груевски и фамилијата се богатеше во изминатите 10 години здравството тонеше“, обвинува пратеничката Шахпаска.