HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Sex and the city“ се уште не е готов?

„Sex and the city“ се уште не е готов?

Кери Бредшо може да се врати на уште малку забава во Големата јабука. Сепак, „Entertainment Weekly“ порачува дека се уште не е време за славје. Судејќи според зборовите на јунакот на поранешната популарна серија „Sex and the city“, не е невозможно Кери, Саманта, Миранда и Шарлот повторно да се соберат. „Мислам дека тоа прашање ќе остане отворено и дека таа приказна ќе продолжи се додека не добиеме конечен одговор“, изјави Сара Џесика Паркер.

Според нејзините зборови сите четири актер се расположени за повторна соработка. „Мислам дека ниедна од нас не кажа дефинитвно не“, додаде 51-годишната американка која на телевизиските екрани, но и на големото платно го донесе ликот на Кери Бредшо. Сепак, Сара Џесика Паркер не прецизираше дали екипата е подготвена за филм или за нови епизоди од телевизиската серија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com