Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСЕВЕРНА СИРИЈА: Најмалку 18 цивили убиени во бунтовнички артилериски напад

СЕВЕРНА СИРИЈА: Најмалку 18 цивили убиени во бунтовнички артилериски напад

 

Вчера во бунтовнички артилериски напад загинаа најмалку 18 лица меѓу кои има бремена жена и три деца во во северна Сирија, информира Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, цитиран од француските медиуми.

Во нападот со кој е прекршено примирјето од 27-ми февруари има 70 ранети од кои 30 се деца. Нападот е извшен врз курдски кварт во сирискиот град Алепо. Нападот бил врз квартот Шеих Максуд, населен главно со Курди, каде околу 50.000 лица се наоѓаат во теснец меѓу реоните контролирани од режимот и зоните што се во раце на бунтовниците. Бунтовниците, меѓу кои е и исламистичката група „Ахрар аш Шам“, сојузник на Ал Каеда во Сирија и денеска продолжија да го гаѓаат курдскиот кварт, посочи центарот, чие седиште е во Лондон.

Рами Абдел Рахман директорот на центарот вели дека бунтовниците се обидуваат да го заземат квартот, бидејќи потоа тој ќе биде комфорна база за напади врз владините сили.

Сириските воено-воздухопловни сили уништиле колона со повеќе од 20 воено транспортни средства на терористите од „Исламска држава“ на 30 километри од градот Палмира.