Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСеверна Кореја со сериозни закани кон САД

Северна Кореја со сериозни закани кон САД

Северна Кореја повторно се закани на САД, дека доколку не ја откаже закажаната воена вежба закажана за утре, ќе нападне на американско тло.

Јужна Кореја и САД, секоја година изведуваат воени вежби под име „Улцхи Фридом-Гардијан“, чија цел е подобрување на воената подготвеност, заштита на регионот и одржување на стабилноста на корејскиот полуостров. Исто така, Северна Кореја секоја година се заканува на САД.

– Како воените вежби се интензивираат, така е потребна и соодветна воена реакција – изјавил претставник за медиумите на севернокорејската Национална комисија за одбрана. Официјален Вашингтон е свесен за заканите на Северна Кореја и додава дека воените вежби се транспарентни и фокусирани на одбрана и насочени да се подобри воената подготвеност на Јужна Кореја и регионот.

„Војската и народот не се повеќе она што беа во минатото кога со пушки во рацете се бореа против американските нуклеарни бомби. Северна Кореја е непобедлива сила и поседува опрема која е непозната за остатокот од светот“, порачаа од Северна Кореја.

САД со своите сојузници, планира да ја започне воената вежба утре.