Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСеверна Кореја приведе руска јахта, Москва бара итно ослободување

Северна Кореја приведе руска јахта, Москва бара итно ослободување

Крајбрежните служби во морето на Северна Кореја денеска пресретнале една Руска јахта и ја донеле на земјиштето од страна на Северна Кореја. Јахтата е донесена до пристаништето Кимчаек. Игор Aгафанов официјален претставник на Министерството за надворешни работи во Владивосток, изјави дека екипажот од пет член е “жив и здрав”, а Москва чека објаснување од Пјонгјан за причините поради кои јахтата била приведена.

Тој додаде дека руските дипломати бараат дозвола за посета на екипажот. Неименуван претставник на руската амбасада во Пјонгјанг, изјави дека едрилица била пресретната од крајбрежните служби додека пловела од пристаништето во Бусан Јужна Кореја до Владивосток. Портпаролот на руската амбасада во Северна Кореја, изјави дека амбасадата ќе побара итно ослободување на екипажот.