Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСеверна Кореја ја поддржува номинацијата на Доналд Трамп

Северна Кореја ја поддржува номинацијата на Доналд Трамп

Северна Кореја го  поддржува Доналд Трамп и го смета за „мудар” и „прогресивен кандидат за претседател” на САД. Во широко цитиран од меѓународните агенции уредувачки коментар во државните медиуми „Северна Кореја Денес” (DPRK Today) Трамп е прикажан како човекот кој може да го обедини Корејскиот полуостров. Претходно овој месец кандидатот-милијардер изјави дека би имал директни разговори со диктаторот Ким Јонг Ун.

-„Личното мојот став е дека „провокаторските “политики на Трамп имаат многу позитивни аспекти”, смета Хан Јон МОК, универзитетски професор и автор на коментарот. Тој  ја визира изјавата на Трамп дека Северна и Јужна Кореја треба сами да ги решат проблемите без интервенција на САД. Јужна Кореја и Јапонија треба да се вооружат сами, што ќе ја  намали улогата на САД при евентуална агресија од страна на Северна Кореја, изјави Трамп во март. Неговото мислење беше поздравена од Пјонгјанг.

-„Денот кога паролата „Јенки, одете си“ (Yankee go home) се исполни, е денот на корејското обединување”, тврди Хан.

Во коментарот најверојатен кандидат на демократите и поранешен државен секретар на САД Хилари Клинтон е класифицирана како „досадна” и критикуван за „приспособување на иранскиот модел кон решавање нуклеарните прашања на Корејскиот полуостров”, со што најверојатно се визира наметнувањето на системот на меѓународни санкции поради нуклеарната програма на Северна Кореја.

Неодамнешна студија покажа дека до овој момент Русија беше единствената земја која на државно ниво изјавува поголема поддршка за Трамп отколку за Клинтон.