Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСеверна Кореја ги прекинува комуникациските канали со САД

Северна Кореја ги прекинува комуникациските канали со САД

Северна Кореја денеска објави дека ќе го прекине, еден од последните постоечки, канали за комуникација со Вашингтон во знак на протест поради американските санкции за лидерот Ким Џонг-ун воведени минатата недела, јави севернокорејската новинска агенција КЦТА.

Министерство за надворешни работи во Пјонгјанг го информира Вашингтон дека ќе ги прекине сите комуникации со посредство на севернокорејската мисија во седиштето на Обединети нации во Њујорк.

САД минатата недела воведоа финансиски санкции за Ким Џонг-ун, за десет високи престатвници на севернокорејскиот режим и за пет правни лица поради кршење на човековите права.