HomeДЕНЕШНАЕкономијаСериозните реформи во енергетиката ќе чекаат по изборите

Сериозните реформи во енергетиката ќе чекаат по изборите

Министерот за економија, Дритон Кучи на денешната конференција за мерки за енергетска ефикасност во хотелските објекти, повторно се соочи со критиките кон земјава упатени од Енергетската заедница и заклучоците донесени на Министерскиот совет во Сараево каде беше утврдено дека Македонија доцни со реформите и ги прекршила препораките.

Владата мора да ги усогласи домашните енргетски закони со европските и да донесе нов закон за енергетика, но тоа ќе се случи по изборите, изјави Кучи на настанот. Ова е идентичен став кој беше пренесен и за pozitiv.mk по состанокот одржан во Сараево.

saraevo-kuci-energetika-5

Во клучните барања на Енергетската заедница се третиот пакет на реформи во кои спаѓа либерализација на енергетскиот пазар на струја за домаќинствата, како и забрана на горива во кои се содржи сулфур.
Овие две мерки долг период се одложуваат со изговори дека ќе поскапи струјата за граѓаните. Сепак, по изборите во текот на следната година новата влада која ќе се формира ќе мора да ги спроведе енергетските реформи со цел да го одржи темпото наметнато од Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com