Серија експлозии во Багдад, голем број загинати
Најмалку 54 лица се убиени во ирачкиот главен град Багдад, во серија експлозии. Полицијата и медицинските лица велат дека во нападите се повредени најмалку 100 луѓе. Првата експлозија се случила на отворен пазар во доминантно шиитска населба при што загинале најмалку 28 лица и повеќе од 60 биле повредени, а во меѓувреме во две нови експлозии загинале над 20 лица, при што десетици биле повредени.