Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСерена Вилијамс предвреме ја заврши сезоната

Серена Вилијамс предвреме ја заврши сезоната

Најдобрата тенисерка во светот Серена Вилијамс, објави дека ја завршува сезоната и нема да учествува на последните два турнири, во Пекинг што започнува во понеделник и на завршниот во Сингапур на 25-ти октомври. Причина за тоа е желбата добро да се одмори и да се посвети на своето здравје.

Серена сезонава оствари 55 победи во 58 одиграни натпревари и освои три грен-слем титули, а се закити и со трофеите на мастерс турнирите во Мајами и Синсинати. Таа и покрај предвременото повлекување ќе ја заврши сезоната како најдобра тенисерка на ВТА-листата.