Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСерена Вилијамс плаќа казна од 1000.000 долари поради неиграње?

Серена Вилијамс плаќа казна од 1000.000 долари поради неиграње?

Најдобрата тенисерка на светот, Серена Вилијамс се соочува со плаќање на висока парична казна од 1000.000 долари, потврди женското тениско здружение (WTA).

Серена се повлече од отвореното првенство на Кина во Пекинг и најави дека ќе го пропушти завршниот WTA турнир во Сингапур поради здравствени причини, но сепак таа има намера да одигра пријателски натпревар на 26ти октомври, против Данската тенисерка Каролина Возњачки.

Како што налагаат правилата, Серена нема право на настап во првите 30 дена од почетокот на турнирот во Сингапур и во спротивно може да добие казна од 1000.000 долари. Освен тоа, доколку Серена одбие да земе учество на службените настани кои ќе се случуваат за време на завршниот турнир, може да се соочи и со друга казна од 75.000 долари, и може да биде исфрлена од конкуренција во првите две недели од новата сезона.

Поради пропуштање на овие завршни натпревари од оваа сезона, Вилијамс може да не ја добие и онаа сума на пари од таканаречениот бонус фонд на WTA, која изнесува околу милион долари.

Завршниот WTA турнир во Сингапур се игра од 25 октомври до 1 ноември.