Thursday, Aug 24, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСерена Вилијамс нема да настапи во Доха

Серена Вилијамс нема да настапи во Доха

Најдобрата тенисерка Серена Вилијамс ќе пропушти уште еден натпревар, односно после Дубаи, таа го откажа своето учество и на натпреварот во Доха. „За жал, ќе морам да се повлечам поради болест и нема да бидам во состојба да го дадам својот максимум. Потребно ми е време за да закрепнам, но се радувам дека ќе можам да се вратам во Доха следната година и повторно да се сретнам со моите обожаватели“, изјави Серена Вилијамс. Серена нема настап од финалето на Австралијан Опен кое го загуби.