Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСерена помоќна од својата сестра за полуфинале на УС Опен

Серена помоќна од својата сестра за полуфинале на УС Опен

Како што се очекуваше огромниот дуел меѓу сестрите Вилијамс донесе одличен тенис, но Серена на крајот ја однесе победата со што ја продолжува фантастичната серија на Гренд Слем натпреварите оваа година и ита кон рекордна четврта титула во една сезона. Серена во првиот сет имаше супериорен сервис, но и одлична игра на ретурн и доби два брејка за лесни 6:2.

Веќе во вториот сет фановите помислија дека Венус може да даде фантастичен одговор со брзо освојување на поените и израмнување со 6:1. Третиот и решавачки сет повторно помина во знакот на Серена со фантастични асови и брзо освојување на гејмовите со 6:2 и целосен триумф. Во полуфиналето претпоследна пречка ќе биде одличната Роберта Винчи која има свои амбиции за титулата.