Wednesday, Apr 24, 2024
HomeИздвојуваме„Серап ефект“ – Мускулен механизам појаснет од Македонската Muay Thai легенда!

„Серап ефект“ – Мускулен механизам појаснет од Македонската Muay Thai легенда!

Се повеќе внимание во модерниот тренинг се посветува на т.н. core training, што навистина го сметам за логично, силата секогаш доаѓа од внатре, атлетската моќ потекува од мускулното јадро на нашето тело,овој пат ќе се обидам да пишувам за интеракцијата помеѓу карличниот појас од едната страна и движење (исфрлање) на ектремитетот од другата страна проследено со концентрични контракции на rhomboids,internal oblique ,external oblique и serratus anterior. При што карличниот појас ротира на лево а градниот кош на десно или обратно.
Овој мускулен механизам уште во далечната 1970 година беше цел на спортската наука, денес познат како Serape effect,(Серап е вид волнена наметка која се носи токму во линијата на мускулите кои го чинат Серап ефектот).

kostru1

kostru2

Од самите слики може да се види поставеноста на комплетниот мускулен механизам кој при ротационо движење на торзото произведува сила со поврзување на десното рамо и левиот колк, и обратно.
Мускулите вклучени во Серап ефектот извршуваат голем број на активности: одење, трчање,носење, исфрлање,влечење,кревање терет и сл. На почетокот за внесување во тренажниот процес за овој ефект беа заинтересирани фрлачите, (особено американскиот олимписки тим, фрлање копје, безбол и сл.) но подоцна Серап ефектот влезе во моделирањето на тренинзите на тенисерите, пливачите, тркачите и други. Дали Серап ефектот би одговарал да биде внесен во нашиот спорт? Одговорот е едноставен облечете маица и правете ги движењата што ги правите на тренинг, натпревар, доколку маицата се затегнува во линија на Серапот тогаш размислете за функционална анатомија на Серап ефектот.

muay

rakomet

Интеракцијата на клоцата и раката, скок и исфрлање со рака, се многу важен дел во тренингот со примена на Серап ефектот, поле на кое подолго време работам во моделирање на тренинзи особено во спортовите кои вклучуваат фрлање или удирање.

Автор: Горан Карамфилоски Чак