Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСепак се одгледува тутун во Могила – инспекторатот ги уништи насадите

Сепак се одгледува тутун во Могила – инспекторатот ги уништи насадите

Вирџинија сепак се одгледува во Македонија. По обвинувањата од СДСМ, државниот инспекторат за земјоделство изведе акција за уништување на крупнолисен тутун од типот Вирџинија на територијата на Општина Могила и Кукуречани. Во текот на вчерашниот ден откриено е нелегално производство кај 4 производители на површина од 5,7 хектари.

„По дојавата, денес со земјоделска механизација се започна со уништување на нелегално засадениот тутун, со помош на самите производители. Годинава во затекнатите случаи, не е обран ниту еден лист тутун“ рече директорот на државниот инстекторат за земјоделство, Румен Стаменов.

Тутунот од типот Вирџинија е главна маса за производство на цигарите, односно околу 80% од тутунот е од овој вид. Двата македонски тутунски комбинати го увезуваат комплетно овој вид, поради економска исплатливост. Производството на тутун Вирџинија не е забрането, доколку постои легален договор со одредена компанија. Токму поради тоа, производителите од Могила се чувствуваат изманипулирани од компанија од Грција која им ветила откуп.

„Ни ветија од една компанија во Грција дека сите документи ќе бидат средени и ќе ни го откупат тутунот“ рече Сашо Пивковски, тутунопроизводител.

Минатата година имаше 26 лица кои произведувале тутун од сортата Вирџинија. Тогаш тутнот беше собран и се земаше од домовите на произведувачите. И за овие лица се предвидени прекршочни казни од 600-1000 евра.

извор:Орбис