Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСепак нема да се буши на Јадранот – ОМВ се откажа

Сепак нема да се буши на Јадранот – ОМВ се откажа

На Јадранот сепак нема да се буши. Австрискиот нафтен концерн ОМВ одлучи да излезе од проектот за пробни бушотини во Јадранот во Хрватска, потврди австриската новинска агенција, пишува Вечер.

– ­Конзорциумот кој се состои од Матарон Оил и ОМВ одлучи да ја врати лиценцата, затоа што економските рамки не се во интерес на долгорочни инвестиции, потврдено е за агенацијата АПА од ОМВ. Хрватските медиуми како причина за ова ги наведуваат нерешените прашања како што е границата меѓу Хрватска и Црна Гора.

Американски Матарон Оил и ОМВ на почетокот на годината откупија седум од десет лиценци за истражување на нафта во хрватскиот дел на Јадранот. Проектот од самиот почеток наиде на жестоки критики. Не само што беше критикуван од организациите за заштита на животната средина, туку и туристичките работници рекоа дека тоа може негативно да се одрази на туризмот.