Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСепак Лидија Неделкова ќе одлучува за „Пуч“

Сепак Лидија Неделкова ќе одлучува за „Пуч“

Поранешната претседателка на Врховен, Лидија Неделкова ќе одлучува по Барањето за заштита на законитоста за случајот „Пуч“, поднесено од СЈО. Старо новиот претседател на највисокиот суд, Јово Вангеловски потврди дека сите предмети кои ги работел тој, сега со новиот распоред се во рацете на Неделкова.

Меѓу предметите е и барањето на СЈО за заштита на законитоста, каде Јанева наведува дека е спорна пресудата од три години затвор за Ѕвонко Костовски во случајот „Пуч“, постигната со спогодба со обвинителството на Марко Зврлевски. Во пресудата не било утврдено за која странска служба Костовски шпионирал, а тој е осуден како помагач, без осуден сторител.

Новиот претседател на Врховен објаснува дека СЈО се уште не го доставило судскиот предмет за „Пуч“ и затоа не може да постапуваат. Спогодбата на Костовски се уште ја нема СЈО бидејќи е во Јавното обвинителството. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева токму во обвинетите и осудените во „Пуч“ гледа на „свиркачи“ кои можат да обезбедат клучни информации за незаконското прислушување. Таа повторно апелираше на носење закон со кој тие сами ќе ги заштитуваат сведоците.