Сензационален транфер:Милан потпиша со џокерот на Реал Мадрид!
Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората ги договори условите за потпишување на договор со екипата на Милан за 60 милиони евра.
Шпанецот долго време се поврзува со други клубови, бидејќи на Бернабе не успеа да се наметне во првиот состав на Зинедин Зидан. А сега се чини дека Милан успеа да обезбеди негов потпис, но се уште се чека одобрување од шпанскиот клуб.
Според “Gazzetta dello Sport“, Мората треба да добие 150.000 евра неделно играјќи за Милан.
Милан има нов сопственик кој веќе почна да носи добри играчи и сака да се вклучи во трката за скудетото каде последните 5 години се многу далеку од такво нешто. А наредната година за прв пат после 3 сезони ќе играт во Европа и тоа во Лига Европа.