Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСемејна драма во Делчево: Му забила нож во гради на сопругот

Семејна драма во Делчево: Му забила нож во гради на сопругот

Дваесет и петгодишната албанка А.О. вчера попладне му зарила нож во градите на својот сопруг С.О. (41) од делчевското село Тработивиште.

Според информациите од полицијата, од ЈЗУ „Гоце Делчев“ во Делчево било пријавено дека кај нив е донесен С.О. со повреди во пределот на градите.

Полициски службеници од ПС Делчево извршиле разговор со С.О. кој изјавил дека помеѓу него и неговата сопруга А.О. настанала расправија, при што А.О. со нож му нанела повреда во пределот на градите.

Увид на местото на настанот извршила екипа од делчевската полиција, а А.О. е приведена во полициската станица- Делчево.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.