Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСелмани: ВМРО не сака промени во медиумите

Селмани: ВМРО не сака промени во медиумите

Насер Селмани претседателот на Здруженнието на новинари во интервју за Радио Слободна Европа укажа дека преговорите за реформи во медиумите се целосно блокирани и се сомнева дека ќе продолжат. Најголем кочничар според Селмани е залагањето на владејачката партија ВМРО, сега поддржана и од коалициониот партнер ДУИ, да нема никакви суштински промени бидејќи медиумите им се многу важни во ширење на пропагандата и спиновите.

mediumi sloboda

„Веројатно ВМРО-ДПМНЕ му врши притисок на Ван Хојте да се откаже од клучните негови предлози. Мислам дека тоа нема да се случи, зашто меѓународната заедница сфаќа дека без деполитизација и департизација на медиумскиот систем ние немаме услови за фер избори. Ако одиме на избори со вакви медиуми, вие гледате во каква црна кампања се влезени медиумите, и вие мислите дека граѓаните ќе имаат можност да се информираат за тоа која партија што нуди, кои се решенијата што ги нудат за изборите? Практично луѓето ќе бидат уште повеќе збунети за понудата што им е на маса и мислам дека токму тоа е целта на власта. Тие не сакат да ги убедат луѓето во тоа што го зборуваат, туку ако може некого уште повеќе да го збунат, подобро за нив и тие што се неопределени да не излезат на гласање“, изјави Селмани за РСЕ.

Целото интервју може да го погледнете на Радио Слободна Европа.