Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСелфито можеше да ги чини живот: малолетни кумановци завршија во болница

Селфито можеше да ги чини живот: малолетни кумановци завршија во болница

Две момчиња од Куманово и Липково тешко се повредени откако се качиле на вагон на железничката станица во Куманово да направат селфи.

Несреќата се случила завчера во 23 часот, кога малолетниците на возраст од 16 и 17 години, одлучиле да се сликаат на вагон-контејнер на товарен воз кој стоел на станицата. Откако се поткачиле на кровот на вагонот, помалото момче, кое било од Куманово, го допрело електричниот проводник и се здобил со изгореници на грбот, левата нога и на стомакот. Кога видело што се случува, второто момче скокнало од вагонот и тешко се повредило од падот.

По укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, момчето со изгореници било пренесено во Одделот за изгореници во градска болница “Св. Наум” во Скопје. Седумнаесетгодишникот бил задржан во хируршкото одделение во Кумановската болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово. Додека траел увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 23:00 часот до 02:00 часот по полноќ.