HomeГИГА БАЈТХај текСелфи стиковите стануваат минато -настапува ерата на дронот за селфи

Селфи стиковите стануваат минато -настапува ерата на дронот за селфи

01-airselfie-minijaturen-dron-123

Се очекува дека џебниот дрон за брзо време ќе ги замени селфи стиковите.
Британскиот старт-ап „AirSelfie Holdings Ltd London“ го направил џебниот дрон „AirSelfie“, кој можете да го носите под капакот на паметниот телефон, а кога сакате да снимите фотографија или видео, со него ќе управувате преку виртуелен џојстик.

Дронот е тежок само 52 грама и може да лета на височина до 20 метри цели три минути. Опремен е со камера од пет мегапиксели која може да снима HD видеа, а со него доаѓа и SD картичка од 4 GB.

По снимањето на фотографијата или видеото, сигурно ќе слета во раката на корисникот, а снимената содржина преку Wi-Fi мрежата се пренесува во телефонот и без проблем се споделува на социјалните мрежи.

„AirSelfie“ е компатибилен за паметните телефони како што се iPhone 6, 7 и 7 Plus, Samsung Galaxy S7, Edge, Huawei P9 и Google Pixel. Минијатурниот дрон на Kickster веќе ја остварил својата финансиска цел, а на пазарот ќе биде достапен во март 2017 година по цена од околу 150 фунти.

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com