HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСелена Гомез повторно на рехабилитација

Селена Гомез повторно на рехабилитација

Американската пејачка Селена Гомез се пријави на лечење во рехабилитациониот центар во Тенеси за да се избори со проблемите предизвикани од болеста, лупус. Болеста лупус на Селена Гомез и беше дијагностицирана во 2014 година, а таа ја сподели таа вест со своите обожаватели оваа година во август, кога откри дека ќе направи пауза во својата светска турнеја „Revival“ за да се фокусира на закрепнувањето.

Бројни американски медиуми ја пренесоа веста дека Селена Гомез се наоѓа моментално во приватна клиника во лизина на Нешвил, каде се обидува да ја победи анксиозноста, нападите на паника и депресија кои се предизвикани токму од оваа болест. Ова е нејзино второ заминување на рехабилитација со цел да ја излечи оваа болест.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com