Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСелена Гомез повеќе не ја крие новата песна!

Селена Гомез повеќе не ја крие новата песна!

Турнејата „Revival World Tour“ започна на 6 мај со спектакуларен концерт во Лас Вегас. Селена Гомез цела вечер беше на висина на задачата, оставајќи ги обожавателите без воздух со секоја изведена песна надополнета со одлична кореографија. Сепак посебен дел од концертот беше изведувањето на нејзината нова песна.

Името на новата нумера е „Feel Me“, која на најголемите обожаватели на поп ѕвездата Селена Гомез може да и биде позната, бидејќи токму оваа нумера таа ја пушташе својот профил на „Snapchat“, иако не се најде во албумот „Revival“.