Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСелективната правда на Вељаноски – опомени за ВМРО-ДПМНЕ, гасење микрофони на СДСМ

Селективната правда на Вељаноски – опомени за ВМРО-ДПМНЕ, гасење микрофони на СДСМ

Претседавачот на конститутивната седница, Трајко Вељаноски денеска се обиде да ги „дисциплинира“ пратениците, но не на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, кои изминатите денови постојано го кршат деловникот, туку пратениците на СДСМ.

Вељаноски на денешната седница на беседите на ВМРО-ДПМНЕ реагираше со опомена, но на реплицирањето на СДСМ, на излагањата на пратениците од поранешната владејачка партија одлучи да реагира со гаснење на микрофоните.

Поранешниот спикер, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ прво за замолчи пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска, а потоа и Милева Ѓорѓиева.

Вељаноски „собраниското замолчување“ го на прави не само пред новинарите кои ја следеа седницата, туку и пред група ученици кои треба да бидат како функционира Собрание и како работат пратениците.

По ваквото однесување на поранешниот собраниски спикер, се покренува прашањето дали сакал на учениците дека им покаже дека поговорката „правдата е слепа, но сите ги стигнува“, или „правдата е слепа, па поради тоа е селективна“