Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСелани пријавиле дека го пронашле исчезнатиот авион

Селани пријавиле дека го пронашле исчезнатиот авион

Селани во источниот дел на Папуа, пријавиле дека пронашле остатоци од срушениот патнички авион кој носеше 54 луѓе, а претходно денеска беше пријавен за исчезнат – изјави официјален претставник на Министерството за транспорт на Индонезија.

„Авионот е пронајден. Според жителите авионот се урнал во планините. Верификација се уште е во процес”, вели директорот на воздушниот транспорт при Министерството за транспорт на Индонезија. Властите претходно соопштија дека изгубиле контакт со патнички авион кој припаѓал на локалниот авиопревозник Тригана. Службите изгубиле контакт со авионот набргу по неговото полетување од главниот град на Папуа. Во авионот имало 44 возрасни патници, пет деца и бебиња, и пет членови на екипажот.

Индонезија ќе ја испитува авионската безбедност, со оглед на тоа дека ова не е прва несреќа. Во декември авион на компанијата Еразиа се урна во море. Во несреќата загинаа 162 лица.