Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСела: ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за милијардите што сте ги украле

Села: ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за милијардите што сте ги украле

Зијадин Села од Алијансата на Албанците реагирајќи процедурално истакна дека сака да расчисти една, како што рече, манипулација што повеќе денови се шири во Собранието, а тоа е дека се планира македонскиот народ да се прогласи за геноциден народ.

„Грешите, не се народите геноцидни. Ако не сте знаеле, повторно ќе ви објаснам. Обичниот граѓанин воопшто не е виновен за нешто што е направено, односно за нешто што одредени режими во одредени периоди го правеле. Не се работи, додаде тој, за осуда на геноцид што го направил народ, туку, како што рече, режими многу слични на сегашниот којшто треба да падне и да понесе одговорност за своето однесување, истакна Села.

„Вие се грижите само за една работа, за милијардите што сте ги украле. Вие сте способни да запалите цела државата само за да се спасат неколку глави од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Немојте да поттикнувате тензии, затоа што последиците би биле многу лоши, би имало жртви, а тоа никој не го посакува“, рече меѓу другото Села.

Реагирајќи исто така процедурално на изнесените ставови на Села, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини Села дека продава патриотизам и дека подбуцнува народ.

„Немојте да заборавите дека обичните луѓе никогаш немале проблем помеѓу себе да живеат и да си помагаат. Проблем има кога некој ги злоупотребува чувства на граѓаните и еден ден Вие ќе ја платите цената и тоа од Албанците, а не од Македонците. Затоа што потфрливте како градоначалник во Струга, а сите неуспеси ги припишувате на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Ве молам не чепкајте во теми што не ги познавате и што предизвикуваат негативни реакции. Поттикнувате етнички тензии“, рече Димовски.